Силно невреме попладнево го погоди Прилеп.
Невремето беше проследено со силен дожд и страшни грмотевици, додека наместа паѓало и град. Невремето траеше 15-тина минути, но за кратко време го поплави целиот град.
Булеварите и улиците беа под вода, а најголеми проблеми имаат граѓаните од населбата Тризла, каде водата им влегла и во домовите.
Жителите од оваа населба преку допис до нашата редакција бараат градоначалникот и надлежните да излезат на терен.