Виpycот се пpeнесува и преку асфалт и обувки, младите се најголеми пpeнесувачи

Ситуацијата е под контрола. Во споредба со Европа се чини како мала бројка, иако не треба да се залажуваме. Веројатно ќе има пораст на бројот на заболени. Министерот Венко Филипче во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ истакна дека се подготвени на секое можно сценарио.

Очекуваме секое можно сценарио. Во Дебар и околината тоа е можно. Имаме вирус кај кој нема правила, се уште има непознати. Излезе дека се пренесува не само преку воздухот, туку и со валкани раце, повеќе денови останува на површините, дури и на асфалтот. Во Италија пронашле и на обувките, контролните брисови тоа го покажале. Се смета дека е безбедна дистанца метар ипол до два. Затоа се и поставените препораки, вели Филипче.

Министерот истакна дека во целиот изминат период ги следи препораките, особено поради фактот што спаѓа во високо ризична група со цел да не биде дел од ланецот преносители на коронавирусот. Во однос на пациентите во Македонија, статистиката вели дека од 18 пациенти, 10 се луѓе од 55 годишна возраст.

Младите се пренесувачи. Најкритична група се повозрасните, особено оние со хронични болести, смртноста е најголема кај нив. Тоа го покажаа Кина и Италија. Но, никој не е поштеден, сега имаме момче и од 15 години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.