Втор ден масовни протести во Прилеп. Прилепчани гласни и исполнети со емоции и патриотизам и денеска маршираа против воведување на двојазичност и разнебитување на унитарноста на државата.
Градот под “Maрковите Кули” и во минатото најмногу страдаше од погрешните политики, носени од претходните раководства на СДСМ, но овој пат прилепчани порачаа “Нема да ви помине”.
Голем број видни граѓани, интелектуалци, актери, професори, пензионери, доктори, студенти, но и најмладите, средношколците, го кренаа гласот против двојазичноста на целата територија на Република Македонија.
Со прилепчани денес маршираше и актерот херој Владо Јованоски, чие присуство дополнително ги стопли и обедини срцата на присутните граѓани.
Актерот имаше емотивно обраќање пред прилепчани и дополнително ги разгоре емоциите .
“Во Прилеп, на прилепски”, порачаа 7000 граѓани, во градот каде бројот на граѓани Албанци е незначителен.
Прилепчани се чувствуваат измамени и изманипулирани од лидерот на СДСМ Зоран Заев, граѓаните сакаат просперитетен Прилеп, Прилеп кој ќе продолжи да се гради и развива, град со нови фабрики, нови вработувања, Прилеп уреден и чист.
Тоа се приоритетите за подобар живот, порачаа прилепчани, кои најавија дека протестите продолжуваат и утре, со почеток од 18 часот пред хотел “Липа”.