Вечерва ќе гpми Универзална во Прилеп: Доаѓа Еурофарм Пелистер

Денешниот е посебен ден, бидејќи се случува по подолго време да има ракометен натпревар во Универзалната сала во Прилеп.

Вечерва со почеток од 18:30 часот се игра мечот Прилеп – Еурофарм Пелистер, од 11. коло на Супер лигата.

Битолчаните, кои се на врвот од табелата, а во меѓувреме во рамките на Европската лига го совладаа АЕК во Атина, секако се големи фаворити и во Прилеп. За прилепскиот тим е мошне важно што игра со квалитетен противник.

Оттука и се очекува тренерот Горан Кузманоски да им даде шанса и на најмладите првотимци, за и тие да почувствуваат што значи дуел со моќен противник. Се разбира се очекува и голема помош на публиката на овој натпревар.

Мечот ќе го судат Димитар Георгиевски и Дејан Георгиевски, а делегат е Камер Металари, сите од Скопје.

Дозволено е присуство на гледачи до 50% од вкупниот капацитет на салата.

Потребно ќе биде да покажете сертификат/потврда за извршена имунизација или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена заедно со документ за лична идентификација.

Задолжитено е носење на заштитна маска.

На нашите ракометари им посакуваме многу среќа на денешниот натпревар!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.