Tретата фестивалска вечер на Пиво Фест во Прилеп ќе ја одбележат настапите на Аца Лукас, Радмила Манојлович и нашата мега популарна ѕвезда Миле Кузманоски.
Фестивалската вечер започнува со настапот на Миле Кузманоски, а публиката одново ќе ужива во големите македонски хитови на нашата мега популарна ѕвезда.
Aтмосферата особено ќе добие на интензитет кога на сцената ќе излезе атрактивната српска пејачка Радмила Манојлович.
Нема да постои некој во публиката што ќе одолее на сексапилот на популарната Рада.
Големото финале на третата вечер на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп ќе го приреди балканската ѕвезда Аца Лукас.
Прилеп ве очекува!
НАЗДРАВЈЕ !