Последната четврта вечер на 14-то издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп ќе ја одбележат настапите на српската пејачка и една од најпознатите женски изведувачи во Србија, Александра Радович, веднаш по неа настапува Дејан Петрович со неговиот Биг Бенд, а за крај големото финале на затворањето на Пиво Фест 2016 ќе го имаат Парни Ваљак.
Публиката ќе има единствена можност да ужива во романтичните звуци и балади на Александра Радович.
Веднаш потоа следува Дејан Петрович Биг Бенд, што значи дека публиката треба да се спреми за спектакл. Незаменлив голем бенд кој ќе приреди одлична забава и супер размрдување на илјадниците луѓе, кои и вечерва пристигнуваат од сите страни.
За крајот се чува најдоброто! Така ќе биде и оваа година, па на сцената ќе застанат легендарните Парни Ваљак. Нема што многу да се зборува кога се работи за уметници кои со децении се на сцената и предизвикуваат бум каде и да се појават. Aки Ракимовски и неговиот бенд ќе се погрижат за секој посетител на Пиво Фест годинава, да понесе незаборавни спомени.