Вечерва со почеток од 18:45 часот во дебатната емисија “Само вистина” на “Канал 5” телевизија, ќе дебатираат пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Димитар Стевананџија и шарениот револуционер и припадник на владиното мнозинство, пратеникот Павле Богоевски.
Според најавата се очекува жестока дебата во која токму Богоевски ќе треба да ги даде најголемите одговори, ако се имаат во предвид неговите предизборни ветувања за младите и студентите во државата, но и изјавата кога рече дека “ќе се повлече од кампањата ако постои само еден доказ дека Заев заговара двојазичност”.