Денес во просториите на градската библиотека „Борка Талески“ со почеток од 18:00 часот, ќе биде промовирана и книгата „Методоја Шаторов – Шарло помеѓу чеканот и наковалната“ од авторката проф. Д-р Соња Николова.
Имено денес во Прилеп се одбележуваат 120 години од раѓањето на Методија Шаторов-Шарло, при што делегации од општина Прилеп, претставници на политичките партии и здружението “Прилепски Бранители” положија свежо цвеќе пред споменикот на Шарло во центарот на градот.