Граѓанското движење за одбрана на Македонија вечерва во Прилеп организираше народен собир на кој излегоа повеќе од 4000 прилепчани.
На собирот беше повторно изјаснета истата порака, избори на 5-ти јуни за враќање на државата на старите патеки, кои ја водеја кон просперитет и иднина.
Мирниот собир кој помина со пеење на народни песни, со извикување на државното име и патриотски пораки, беше за момент нарушен од 50-тина социјалдемократи, кои се обидоа да испровоцираат судир.
Од друга страна хулиганите од СДСМ и вечерва со собир пред општина Прилеп, со околу 200 поддржувачи, повторно го започнаа стандардниот вандалски чин на уништување на фасадата на општинската зграда.