На платото пред ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, на 07.08., со почеток од 20 часот ќе се одржи концерт „Вечер на унгарски танци“, што Центарот го реализира во соработка со Здружението на Унгарците во Македонија и Амбасадата на Унгарија.
Свој настап пред прилепската публика ќе имаат оркестарот “Јухас”, еден од најистакнатите оркестри на унгарско тло и фолклорната група “Дуна Танода” од Баја Унгарија.