Вест која ја разбранува јавноста: Роналдо предводник на најдобриот Јувентус во историјата?

Трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус според светските медиуми е готова работа веќе, а и е главна тема кај сите фудбалски фанови.

Италијанците веќе прават тим од соништа, Роналдо ќе игра во шпицот, замена ќе му биде Марио Манџукиќ, а сигурно е дека Алегри ќе игра со тројца во нападот, Даглас Коста на едната и Пауло Дибала на другата страна, како нивна алтернатива ќе биде Федерико Бернардески, како и Манџукиќ, кој знае да игра и на крилната позиција.

Средниот ред најверојатно ќе остане скоро ист, можно е пристигнување на Адриен Рабио од ПСЖ, веќе пристигна Емре Џан, а тука се и Блез Матуиди, Мирален Пјаниќ, Сами Кедира и Родриго Бентанкур. Така што Јувентус ќе има и повеќе од силен среден ред.

Најмногу промени ќе има во дефанзивата, новиот капитен Џорџо Киелини, Медхи Бенатија и Андреа Барзаљи остануваат, а во тимот пристигна Матија Калдара од Аталанта, во тимот се бара уште еден стопер. Од стоперите ќе замине можеби Даниеле Ругани.

Диего Годин од Атлетико Мадрид сака да премине во Јувентус, но тренерот Симеоне не сака да го пушти, на редот во чекање е и Матјас Де Лихт, 18 годишниот голем талент од Ајакс. На десната бековска позиција ќе играат Хуан Квадрадо и новото засилување Жоао Кансело, на левата страна може да има Алегри малку поголем проблем доколку биде продаден Алекс Сандро, поради повредата на Леаондро Спинацола ќе мора да доведат засилување на оваа позиција. Сантијаго Ариас и Хуан Бернат се опциите за Јувентус, но сепак не е извесно дека Сандро ќе замине.

И на крајот, иако повеќе го нема легендарниот Буфон и голманската позиција на тимот е добро покриена. За замена на една од најголемите легенди во историјата на фудбалот ќе се борат Војчех Шчезни и Матија Перин.

Мора да се признае дека овој тим на Јувентус делува застрашувачки, меѓутоа тоа е на хартија, времето ќе покаже дали можеби спортскиот директор на клубот, Џузепе Марота го гради најдобриот тим на „Старата дама“ во историјата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.