Весело со песни и ора: Маркукуле во посета на коледарските огнови во Прилеп (ФОТО)

dsc_0004

Прилепчани ја продолжија традицијата на собири во своите маала околу коледарските огнови. Со вкусна посна трпеза, греана ракија, вино и многу музика и оро, синоќа се празнуваше Коледе, речиси секаде низ градот.

Маркукуле присуствуваше на коледарскиот оган кај железничката станица во Прилеп, каде беше највесело.

Коледарскиот оган му пркосеше на снежното невреме и ги грееше присутните коледари.

dsc_0002

dsc_0006

dsc_0007

dsc_0008

Додека румената ракија ја подгреваше атмосферата, се приготвуваше вкусна риба на скара, а тука беше и посното гравче.

Домаќините весели и гостопримливи, со насмевка не угостија и разиграа.

Им посакуваме традицијата да им трае уште многу годни, добро здравје и уште поголемо расположение догодина.

dsc_0003

dsc_0009

dsc_0010

dsc_0012

dsc_0013

dsc_0014

dsc_0015

dsc_0018

dsc_0016




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.