Весела математика на Твитер: Имаат ли дигитрони во Владата? (ФОТО)

По една година преговори помеѓу Владата на Република Македонија и кинеската компанија Синохидро, главниот изведувач на работите на автопатската делница Кичево-Охрид, денес на Владина седница е усвоeн анекс договорот бр. 3, преку кој се финализираат преговорите, информираа денес од Владата.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на прес-конференција на која беа претставени детали како понатаму ќе се одвива изградбата на автопатот, истакна дека ќе се заштедат 95 милиони евра од буџетот на Република Македонија.

За оваа заштеда, Владата се пофали и на Твитер профилот, преку “весела математика“.

Ако од 240 милиони се одземат 160 милиони, тогаш сигурно нема да се добие бројката од 95. Оваа основна математичка операција, ако некој не знае да ја реши сам, можел да ја реши со помош на обичен дигитрон.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.