Верува ли некој на ова: “Ако треба ќе облечам железни опинци ама 500 евра просечна плата ќе има”

Ја зголемивме минималната плата, а таа отвори спирала на покачување на платите во Македонија. Со тоа, сега просечната плата е 24.548, а претходно беше 22,889. Дојдовме до просечна плата од 400 евра.

Ова денеска на прес-конференција го истакна премиерот Заев.

– Ако треба железни опинци ќе облечам, ама 500 евра просечна плата во Македонија ќе има, рече тој во Велес.

Од денеска Владата на Република Македонија започнува со реализација на серија трибини.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.