Верниците на растојание во црковните храмови во Прилеп
Редарска служба, средства за дезинфекција и налепници каде треба да стојат верниците… Вака црквите во Прилеп од рано утрво ги пречекуваат верниците за Велики Петок.
Во црковниот храм „Св. Петка“ и покрај непријатната ситуација со епидемијата, а благодарение на беспрекорната организација и несебичното залагање на свештениците и вработените во храмот, како и на волонтерите, верниците се примаат за поклонение пред Плаштаницата Христова, притоа не прекршувајќи ги безбедносните мерки за заштита и превенција од корона вирусот.