Иако помина 21 година од смртта на омилената англиска принцеза Дајана, нејзината популарност не стивнува, па така постојано се појавуваат нови мистични детали од нејзиниот живот. Вереничкиот прстен на Дајана не престанува да ја интригира јавноста.
Како што пишува британскиот весник “Тhe Sun”, прстенот крие неколку интересни детали…
Принцот Чарлс ја запросил Дајана на 24 февруари 1981 година, а таа самата го избрала својот веренички прстен.
Преубавиот 12-каратен сафир опкружен со 14 дијаманти, тогаш чинел 28.000 фунти, што во денешно време би изнесувало 108.000 фунти, односно повеќе од 120.000 евра.
Наводно овој модел ја потсетувал на вереничкиот прстен од нејзината мајка, но она што го знаеме со сигурност е дека Дајана сакала токму зелен сафир, и дека од неколку модели овој најмногу и се допаднал.
Откако принцезата Дајана загина во 1997 година, младите принцови Вилијам и Хари избрале спомени од својата мајка.
Принцот Вилијам го зел златниот часовник, а Хари го зел вереничкиот прстен.
Кога Вилијам одлучи да ја запроси Кетрин Мидлтон, го замоли Хари да ги заменат спомените, па мајчиниот прстен заврши на раката од Кејт.
Ова парче накит има голема важност за младиот кралски пар, па Вилијам во очи на венчањето со Кејт во 2011 година, рече дека прстенот всушност за него значи дека Дајана ќе биде присутна на венчавката.