Велосипедска патека со препреки само во Прилеп: Надлежните велат врнело многу дожд и снег, па слегло земјиштето (Фото)

Како последица на големата влажност предизвикана од врнежите на дожд и снег, на одредени делови од булеварот „Гоце Делчев“ дојде до слегнување на земјиштето – информираат од општина Прилеп.

Согласно чл.46 од Договорот за изведба и реконструкција на булеварот „Гоце Делчев“, склучен меѓу ЕЛС Општина Прилеп и „Изофас“ ДОО, изведувачот на работите, компанијата „Изофас“, е должна да ги отстрани настанатите недостатоци од објектот, односно булеварот.

Реконструктивните зафати за отстранување на недостатоците ќе бидат завршени во рок од 4 денови – се вели во соопштението објавено на веб страната на општина Прилеп.

Реконструкцијата на делот од булеварот “Гоце Делчев” се одвиваше речиси цела година, а кон крајот на декември минатата година беше отворен во присуство на премиерот Зоран Заев.

Проектот беше во вредност од околу 1 милион евра.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.