Веднаш проверете го вашиот Фејсбук профил, направена е грешка на социјалната мрежа

Фејсбук објави дека пронашол нов „баг“ во својот систем. Тој бил активен помеѓу 29-ти мај и 5-ти јуни оваа година, што резултирал со деблокирање на луѓе, кои претходно биле блокирани од страна на корисникот, објави „TechRadar“.

Повеќе од 800.000 луѓе биле засегнати во целиот свет. Ова значи дека публикациите и профилите на овие корисници може да бидат видени од луѓе што претходно сте ги блокирале. Фејсбук вели дека прекинатите пријателства не биле обновени, но во текот на проблемот, публикациите можеле да се видат од пошироката публика.

Компанијата вели дека проблемот е минимален за најпогодените корисници. 83% од засегнатите имале само едно привремено деблокирано лице.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.