Вашингтон: Влатко Ѓорчев оддаде почит на поранешниот претседател Џорџ Буш во Конгресот на САД

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев за време на посетата на САД присуствуваше на церемонијата на оддавање на почит на починатиот поранешен претседател на САД Џорџ Буш.

Пратеникот Ѓорчев беше дел од бројните делегации кои му изразија последна почит на поранешниот претседател Џорџ Буш во холот на Конгресот на САД. Ѓорчев изјави:

“Претсдателот Џорџ Буш беше добар пријател на Македонија. Нашата земја ја прогласи својата независност за време на неговиот мандат во 1991 година, а неговиот син Џорџ Буш помладиот ја призна Република Македонија под Уставното име во 2004 година. Изразувам сочуство до неговото семејство и до граѓаните на САД”.

Пратеникот Ѓорчев се запиша во книгата на жалост. Ковчегот со телото на поранешниот претседател Џорџ Буш е изложено во централниот дел на Конгресот на САД, а денес ќе се одржи црковна служба по повод неговиот погреб.

За време на посетата на Вашингтон пратеникот Ѓорчев ќе присуствува на парламентарниот форум за безбедност кој ќе се одржи во Сенатот на САД.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.