Натпреварот од последното квалификациско коло за влез во Лигата на Европа, што Шкендија го играше на националната арена “Филип Втори”, против белгиски Гент, не беше впечатлив само по четирите гола што ги прими Шкендија, туку и по новопечениот навивач, Зоран Заев.
Се крена голема бука, а осудите за неговото навивање стигнаа од сите страни, особено што на арената вечерта осамнаа националистички симболи на Голема Албанија, на албански џелади, што убивале партизани и уште многу други омаловажувања на македонскиот народ и држава.
Новинарот Васко Ефтов на својата фан страна на Фејсбук, направи своја длабока анализа од која може да се прочита од каде потекнува ваквата блискост на лидерот на опозицијата Зоран Заев со раководството на Шкендија и на што се должи неговата наклонетост кон Албанците.