Вардар води на полувремето од финалниот дуел против Веспрем со 16:11.
Црвено-црните манифестираат надмоќ и ја контролираат играта и во нападаот и во одбраната.
Одличен одново е голманот Милосављев кој веќе нанижа десетина одбрани.
Во нападот на Вардар функционира речиси беспрекорно, па досега Мораеш има 4 постигнати погодоци, Стоилов 2, Скубе 3, Криштопанс 2, Дибиров 2, а по еден имаат Карачиќ, Чупиќ и Шишкарев.