Тмот на Вардар брани еден гол од победата од (2-1), а тренерот Гоце Седлоски е крајно претпазлив пред реваншот.
„Одигравме само едно прво полувреме од овој двомеч. Далеку дека било што е готово. Ние одиме утре да покажеме што можеме и колку можеме. Вардар ќе тргне максимално ангажирано, одговорно и прагматично. Ќе се обидеме максимално да сме фокусирани, и да ги искористиме шансите. Горан Закариќ е со нас во тимот исто така како што беше и во Скопје. По денешниот тренинг ќе одлучам што и како околу составот. Што се однесува до вештачката трева, ние сме подготвени на се. Трениравме на неа, вештачки терен имаме во нашата база. Тоа воопшто не е тема за нас. Ние гледаме да одиграме како што знаеме и умееме, како што покажавме и во Скопје. Посакувам добар меч, против сериозен ривал. Па нека победи подобриот“, изјави Седлоски.