Ванковска: Свесен ли е Заев дека СДСМ ги изгуби изборите поради ваквите пазарења со Македонија?

Свесен е Заев дека СДСМ ги изгуби изборите токму поради ваквото пазарење со Македонија без демократска и отворена дебата? Ова е политика на уцени, и бескрупулозна битка за власт, веројатно со надеж дека ќе се пресметаат со „непријателот“, а за далекусежноста да склучениот пат, воопшто не мислат.

Vankovska-1-640x426

Ова, меѓу другото, го напиша универзитетската професорка Билјана Ванковска на својот Фејсбук профил.

-Со години не’ убедуваа дека Заев е поинаков партиски лидер, а дека граѓанското движење успеало да ја демократизира партијата однатре. Сега со денови преговараат за суштински прашања, и сета ситуација има дежа ву ефект на она што го правеа зад затворени врати цели 40 дена во 2004 година. Истакнати пратиски членови велат дека нема внатрепартиски консултации и дебати, туку за пазарењето договараат само врхушките. Сега, се прашувам, каде се „Граѓаните за Македонија“, „Протестирам“, Шарените итн.? За ова ли се бореа? И тоа во ситуација кога сите се свесни дека кој и да направи влада, таа ќе биде мртвородена – т.е. осудена да живее сосема кусо, бидејќи нема да може да биде функционална. Тогаш зошто да се плати висока цена, за некакви барања од етничка платформа, за кусо владеење? Свесен е Заев дека СДСМ ги изгуби изборите токму поради ваквото пазарење со Македонија без демократска и отворена дебата? Ова е политика на уцени, и бескрупулозна битка за власт, веројатно со надеж дека ќе се пресметаат со „непријателот“, а за далекусежноста да склучениот пат, воопшто не мислат. Денес со таксист си правиме муабет, и на мојата теза дека политичариве и родена мајка би продале за власт, тој ме коригира: не мајка, туку и родено дете ќе жртвуваат! Ете, тоа е мислењето на обичниот човек!

vankovska-1

Извор: kurir.mk

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.