Владата на Заев сега ќе мора да ги чува спомениците од „Скопје 2014“ и тоа истите на кои „шарените“ истураа бои, коментира на „Фејсбук“ професорката Билјана Ванковска.
-Заев не само што го легализираше Скопје 2014 прогласувајќи ги спомениците за израз на светско културно наследство, туку и ќе ги чува со полиција. Тоа се истите споменици кои беа цел на „шарените”, кои истураа не само бои, туку и „kpв” излеана од „рeжимот”… Она што стварноста може да го сврти, ни најдобар режисер не може да го смисли. Неко то од горе види све, напиша професорката.