„Ги фаќа паника и се однесуваат како бесни кучиња! Оваа фотографија од вчера ја споделуваат масовно членови и симпатизери на СДСМ, па дури и како профилна слика ја ставаат. Ме “секцираат” во делови од сликата: сандалите не ми чинеле, сум била дебела, грда, глупава, итн. Колку повеќе навредуваат, толку повеќе смрдат на СТРАВ од 59-годишна жена! Не сум јас тука важната – стравот е од сите оние луѓе кои се идентификуваат со оваа порака! Јас сум порака сама по себе бидејќи БОЈКОТИРАМ и не им се плашам!“ напиша професорката Билјана Ванковска на Фејсбук.