И претходната ноќ помина во “колоритот oд идеи” на шарената револуција во Прилеп. Околу 200 поддржувачи на СДСМ и СОРОС повторно непотребно ги трошеа парите на граѓаните, уништувајќи ја фасадата на општинската зграда, го нарушуваа редот, мирот, слободното движење и нормалниот живот на граѓаните.
Граѓаните, а особено оние кои не ги интересира политиката, не престануваат да реагираат на ваквите вандалски чинови, кои никако не престануваат. Се срамат што мораат сето ова да го гледаат и се згорчени и згрозени од нехуманиот третман кон имотот кој е во сопственост на целото општество.
Со тешки погледи секојдневно гледаат кон ваквото нагрдување и уништување, велат дека никој не им дава за право да го уништуваат она што не го ни создале.
Најгласни во своите осуди се студентите, пензионерите, луѓето од културата, како и здруженијата на граѓани и претставниците на бизнис секторот.
Она што го сакаат сите е убав и чист град, град кој како таков го добија во изминатите 10 години. Граѓаните сакаат и бараат понатамошни вложувања во инфраструктурата и во економскиот развој на градот.