ВАКОВ ХОРОР ИМА САМО ВО ПРИЛЕП: Жално, но вистинито (ФОТО)

На Фејсбук страната “Маcedonian football” (Македонски фудбал) објавена е фотографија од градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп.

Фотографијата која е дело на Благојче Димоски, најдобро покажува во каква состојба се наоѓа некогашниот фудбалски храм во Прилеп, кој едно време важеше за најфудбалскиот град во државата.

Иако новите локални власти ветуваа бришење на оваа грда слика од Прилеп, како и оспособување на стадионот во паркот на Могила, фудбалскиот клуб Победа оваа прволигашка сезона домашните мечеви ги игра во Битола.

Останаа само обвинувањата кон претходната локална самоуправа и ништо повеќе.

За жал и после речиси една година на власт во Прилеп, локалните власти и градоначалникот не преземаат ништо за подобрување на состојбата со спортската инфраструктура во фудбалот…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.