ВАКВА СИРИЈА СЕУШТЕ НЕМАТЕ ВИДЕНО: „Сирија, секогаш преубава“ нова туристичка кампања на Министерството за туризам на Сирија!

Министерството за туризам на Сирија објави ново видео кое би требало да ги убеди странците да го поминат својот одмор во нивната земја, зафатена од граѓанска војна. Рекламната кампања се спроведува под мотото „Сирија, секогаш преубава“

received_10208946346007360

Како што соопштува телевизијата „Ел Арабија“, видеото е речиси потполно снимено во подрачјето на градот Тартус и е посветено на одмор во Средоземното море. На снимката нема споменици под заштита на УНЕСКО од кои многу се уништени во воените акции. Во потполност се уништени хрмови и триумфалната капија во Палмира. Селата на северот на Сирија во кои жителите ја чуваа арамејската култура се опустошени. Во голема мерка се оштетени и тврдината на крстоносците Крак де Шевалие и старите споменици кај Дамаск.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.