Ваква легенда може да биде само од Балканот: Се преправал дека е вработен и наплаќал за кopиcтење на тoaлет на железничка во Гepманиja

Германската полиција уапси 24-годишен српски државјанин и негов 16-годишен соработник поради измама на железничка станица во градот Бохум.

Како што пишува порталот 24sata.hr, Србинот мамел луѓе на железничката станица и им наплаќал за користење на тоалет. Од германската полиција велат дека „не паметат таков случај“.

Се наведува и дека измамникот имал соработник тинејџер, кој има германско државјанство, а двајцата ја негирале вината, тврделе дека не се познавале и дека случајно се сретнале во тоалетот.

Имено, тие сакале да заработат така што се преправале дека се вработени и на патниците им наплатувале влез во тоалетот.

Според порталот waz.de, двајцата биле забележани на станицата во понеделникот околу 14 часот, кога вработените повикале полиција бидејќи патниците пријавиле дека некои сомнителни мажи им наплаќаат за користење на тоалетот.

Патниците им пријавиле на вработените дека двајца мажи се претставувале како вработени во станицата задолжена да се грижат за тоалетите. На патниците им било кажано дека главниот влез е искршен и дека можат да влезат во тоалетот на задниот влез, но со плаќање.

„Никогаш не сме забележале ваков случај на измама во Германија“, изјави портпаролот на полицијата во Бохум.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.