ВАКА ТРЕБАШЕ ДА СЕ ИЗРЕАГИРА ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ КРИЗА: Вучиќ вечерва ги поапси сите кои му помагале на „чадорот“ вклучително и пола ЦИА!

Премиерот на Србија Александар Вучиќ вечерва изјави дека се уапсени лица поради нелегални активности за територија на Црна Гора, вклучително и пратење на црногорскиот пермиер Мило Ѓукановиќ. Кај уапсените се пронајдени пари и униформи. Во Србија е засилена активноста на разузнавачките служби и од исток и од запад, предупредува Вучиќ

vucic-konferencija

Александар Вучиќ на прес конференцијата во српската Влада, која се одржа по седницата на Бирото за координација на работата на службите за безбедност, истакнал дека се приведени и се наоѓаат во Белград.

„Работеле заедно со луѓе за кои можам да кажам дека постои елемент на странска соработка“, истакнал Вучиќ.

Добра вест е дека во сето тоа не наидовме на вмешаност на било кој политичар од Србија, или од Црна Гора, рекол српскиот премиер. Според неговите зборови, обезбедени се докази дека „одредени лица го прателе секое движење на премиерот на Црна Гора и тоа на дневно ниво, секоја секунда и за тоа известувале други лица“.

„Тоа не се овие кои се уапсени дола. Со ова само ги запознавме нивните безбедносни структури“, напоменува Вучиќ.

„Се сеќавате дека веднаш по апсењето реков дека тој башибозук не би можел тоа да го направи, но има некој кој може“, рекол Вучиќ и додал „Знаете за кого зборувам“.

Премиерот рекол дека српските служби за безбедност, во текот на акцијата добиле директни признанија, како и дека се запленети униформи и пари во вредност од 125.000 евра.

Српскиот премиер исто така истакнал дека е зголемена активноста на разузнавачките служби од странство во Србија, како од Исток така и од Запад.

„Нашите надлежни органи во склад со посебен закон, закон за Безбедносно информативната агенција, успешно евидентираше низ активности на разузнавачките служби вперени проти интересот на Република Србија. Евидентирани се и прекршоци“, нагласил премиерот.

Наведува и деканекои од овие лица биле неутрализирани од српските служби, и дека повеќе нема да можат да ја обавуваат својата работа на ист начин.

„Без обзир на цената која лично ќе ја платам, но и цената која ќе ја платат други чесни луѓе од слжбата за безбедност, Србија ќе ги процесуира оние кои мислат дека е дозволено да се даваат оперативни обработки на криминалистичката полиција на службеници од странските амбасади“, наведува Вучиќ.

„Тие прво убаво ќе си одговараат, а потоа нека одат и нека се пријават во таа земја и нека зборуваат што сакаат против Србија“ нагласил српскиот премиер, „Ако знаете нешто пострашно од тоа, кажете ми“.

Не им се лутам на оние од големите разузнавачки служби, бидејќи тие мислт дека тоа им е работа, иако загрозуваат нечиј суверенитет, но не можам да го објаснам својот бес поради Србите кои работат со нив, нагласил премиерот.

Тој предупредил дека во периодот кој следува ќе се случат 5.000 афери и напади врз него и него блиските луѓе и дека граѓаните треба да знаат дека тоа е бидејќи се обидел да го заштити суверенитетот и независноста на Србија. Додал дека ова што Србија го направила не го направила ниту една мала земја, дека тоа го можат само големите, но и дека не е важна цената која ќе ја платат и дека ќе одат до крај.

Запрашан што мисли кога рекол дека ќе плати висока цена, одговорил дека тоа го рекол затоа што малите земји тоа не го прават и дека ќе се најде на црната листа на оние кои мислат дека на малите земји ова не им е дозволео.

Запрашан за помошта која Србија заедно со Русија ја испрати во Сирија, дали поради тоа има притисоци и проблеми, рекол дека „се распрашуваат во врска со тоа“.

„Се распрашуваат нешто, немам поим што сакаат. Страшен злочин направивме со тоа што испративме ќебиња, лекови, брашно и шеќер, а убаво е кога нам ни ги одземате оперативните обработки од држаната безбедност и не знаете да кажете извини. Престанете бре, со лицемерието, колко и да сте големи“ рекол Вучиќ!

„Срам да им е на сите. И тоа го работат нивните служби, разузнавачката агенција…Сите најсилни во светот“ – рекол Вучиќ.

ИЗВОР ИНФОМАХ




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.