Британската кралица Елизабета II e навистина пребирлива кога е храната во прашање.
Така на пример, таа не поднесува тестенини, ориз и компири, па поради тоа ги забранила во палатата. Истото важи и за лукот, кој кралицата го избегнува поради лошиот здив. Не сака ниту кромид и брза храна… Но, што јаде кралицата Елизабета? Одговорот на ова прашање го има поранешниот кувар во кралската палата, Дарен Мекгрејди, кој откри како изгледа нејзиното дневно мени.
Својот ден Елизабета го започнува со едноставен доручек- чај и кекси. Потоа следи и сад со овесни снегулки, но кралицата, внимавајќи на своето здравје и линија, ги одбира оние со малку јагленохидрати.
Ручекот на кралицата мора да биде исклучително здрав. За овој оброк најчесто има риба на скара или пилешко месо со спанаќ или лесна салата.
Меѓутоа, после пладне, Елизабета “удиpa” на нездрава храна. Таа јади кифлички со џем и крем. Освен тоа, таа е љубител на чоколадо. “Таа е вистинска чокoxoличарка. Се што ви ставиле на мени, а да има чоколадо во составот, таа би го одбрала”, вели куварот.