Црвена Ѕвезда синоќа во натпревар против Ред Бул Салзбург во Австрија, се избори за настап во групната фаза во Лигата на шампиони.
Тимот од Белград одигра 2:2 на жешкиот стадион во Салзбург и токму гостинските голови ја однесоа Ѕвезда во најелитното фудбалско натпреварување.
Она што остави впечаток покрај храбрата игра на играчите на теренот, беше бројноста на навивачката група “Делии” кои приредија моќно кортео во австрискиот град.
За нивната бројност, гласност и поддршка, пишуваа сите светски медиуми.
Погледнете, вака се сака фудбалот во Србија:
? There's a reported 10,000 Crvena Zvezda fans in Salzburg for the 2nd leg of their Champions League qualifier tonight…
U N R E A L
(? @NikolaGorjanac)#FKCZ pic.twitter.com/qf5k5Cmihv
— The Sportsman (@TheSportsman) August 29, 2018