ВАКА СЕ НАВИВА ЗА РУСИЈА ВО ЧЕЧЕНИЈА (ФОТО)

Лидерот на Чеченија, Рамазан Кадиров, стана една од централните фигури после мечот од второто коло од групната фаза на Светското првенство помеѓу Русија и Египет.

Базата на репрезентацијата на “фараоните” се наоѓа во Чеченија, а после победата на Русите со резултат од 3:1, Кадиров на социјалните мрежи објави фотографии од атмосферата во неговата куќа, каде тој го гледал мечот со своите соработници.

Кадиров победата на руската репрезентација над Египет ја нарече “триумф” и му честиташе на Путин, како и на сите играчи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.