Вака се краде во скопски ГТЦ: Купувачка за неколку секунди остана без новчаник и телефон (ВИДЕО)

Утрово купувачка која посетила продавница за чевли во скопски ГТЦ останала брз својот новчаник и мобилен телефон откако била ограбена од непозната жена.

Кражбата може јасно да се види на снимката од безбедносните камери, а која оштетената муштерика ја објавила на социјалните мрежи.

– За да не се случи на некој друг! Дали некој ја препознава особата? Денеска во ГТЦ во 11 чсот во дуќан за чевли, таа влегува и краде мобилен и новчаник и ги става под нејзината јакна. Случајот е пријавен во МВР, но секоја информација е добредојдена, пишува оштетената на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.