Во склоп со наставната програма за второ одделение “Заштита од елементарни непогоди – заштита од пожар”, учениците oд ООУ “Климент Охридски” Прилеп, од II-3 и II-4 одделение, ја посетија Територијалната противпожарна единица во нашиот град.
Пожарникарите им ја претставија нивната професија на децата и ги запознаа со основните работи од противпожарната заштита, како и со дел од опремата што ја користат пожарникарите при нивните интервенции.
Исто така децата имаа шанса да постават и по некое прашање и одблиску да се запознаат со противпожарното возило, нешто што за нив преставуваше огромно задоволство и разви голема љубопитност.
Се надеваме дека и останатите училишта и наставници ќе покренат вакви иницијативи, не само за воспитување на децата за противпожарната заштита, туку одлично би било да се вклучат и други институции, на пример полицијата, брзата помош и слично.