Во Луксембург денеска граѓаните гласаат на парламентарни избори.
Избирачките места во оваа држава на Бенелукс беа отворени во 8 часот наутро, а гласањето траеше до 2 часот попладне.
Резултатите од гласањето се очекуваат вечерва, пренесува агенцијата “Ројтерс”.
Aнкетите покажуваат дека Христијанско-социјалната народна партија (ЦСВ) ќе успее да освои 5-годишен мандат за премиер на Хавиер Бетел.
ЦСВ најверојатно нема да успее да го освои потребното мнозинство во парламентот од 60 места, па ќе мора да коалицира со една од трите владеачки партии – Демократската партија, Социјалистичката работничка партија или партијата на Зелените.
Британската агенција додава дека надворешната политика на оваа најбогата земја во ЕУ и втора најмала држава по големина, нема да се премени.