Вака се бори за своите права и труд и од нив треба да учат сите останати: Лозарите од Тиквешијата масовно излегоа на пpoтecт (ФОТО)

Лозарите потцртаа, ниту зрно грозје нема да им дадат на винариите, доколку нема зголемување на откупните цени, тие најавија и радикализација на протестите – Доцна синоќа одржаа протест во Кавадарци, на кои им се придружија и лозари од сите производни региони.

Лозарите се пожалија дека земјава има дупло пониски откупни цени на грозјето од соседните земји, па побараа и отворање на странските пазари.Во соседството килограм грозје од лозарите се откупува по далеку пореални цени од земјава, Во Албанија откупната цена е 22 денари, во Србија е 30 денари а во Црна Гора лозарите добиваат по 60 денари за предаден килограм.Со десет денари колку што сакаат винариите да откупуваат лозарите сметаа дека само се помага иселувањето на тиквешијата и се помалиот број на лозја кои се работат.

“Ова е само почеток. До остварување на заедничката цел на следниот собир уште помасовно”, порачаа од Регионалното здружение”Тиквешки лозаро-овоштари”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.