Рускиот водител Димитри Киселјов ја предупреди Америка дека секое сериозно непочитување насочено кон Москва, може да има “нуклеарни импликации”.
Ова предупредување стигна откако американскиот Државен Секретар Џон Кери изјави дека Русија и Сирија мора да се соочат со истрага за воени злосторства поради неодамнешните напади над сириски цивили.
Овие постојани “препукувања” со различни коментари меѓу Русија и САД, воопшто не се наивни ако се земе предвид дека се тоа земји кои поседуваат огромен нуклеарен арсенал кој би можел да го уништи целиот свет.
Што би се случило со планетата доколку дојде до нуклеарна војна ? Односно какви последици би имале врз животот доколку во нашата непосредна околина се случат нуклеарни експлозии како онаа во Хирошима ?
- Во атмосферата би имало пет мегатони црн јаглерод, кој е производ на пожари. Пред да падне на земјата тој ќе ја апсорбира сончевата топлина, а дел од него ќе се врати на Земјата како нуклеарен дожд .
- Само по една година температурата на земјата ќе падне за 17 степени целзиусови а ќе треба да поминат 20 години за да температурата се врати во нормала.
- 2 до 6 години по војната, уништена би била 40% од светската вегетација.
- Озонската обвивка која ја заштитува земјата би ја “изеле” хемиски реакции.
- Намалувањето на озонската обвивка би имало уште една импликација- зголемување на заболени од рак а одредени растенија би можеле целосно да исчезнат.
- На светот би имало околу 2 милјарди гладни луѓе а по 2000 луѓе ќе умираат во ден.
МАРКУКУЛЕ.МК