Важно соопштение од црковните храмови до верниците во Прилеп по повод Митровденската задушница

Црквата ја востановила Митровденската задушница во оние петок и сабота кои се најблиску до денот кога се чествува св. вмч. Димитриј (8 ноември). Во овие денови се прави помен и молитва за упокоените блиски, како и за паднатите за верата и татковината војници.

Оваа година, деновите од Митровденската Задушница се поклопија со заслогот на Митровден.

Од храмовите св. Петка во Точила и св. Кирил и Методиј – Параклис, не’ известија дека поради Митровденската слава, помените на гробиштата ќе се извршуваат само во петокот на 06.11.2020 и тоа од 07:00 ч. наутро до 11:00 ч. помените ќе се пеат во храмовите.

Потоа, со почеток во 12:00 ч. помени ќе се извршуваат на Новите градски гробишта, а на Старите гробишта со почеток во 13:00 часот, и потоа, повторно во храмовите од 15:00 – 17:00 часот, додека, пак, во саботата (07.08.2020), помени на гробиштата нема да се извршуваат, а истите, ќе се извршуваат во храмовите и тоа преку целиот ден почнувајќи од 07:00 ч, па се до 17:00 ч. кога ќе се извршува и прережувањето на лепчето за домашната слава Митровден.

Како што веќе е познато, поради корона кризата и запазување на мерките и протоколите пропишани од здравствените работници, оваа година прережувањето на лепчињата за домашните слави ќе се извршува само во храмовите.

Од храмовите упатија апел до верниците да ги почитуваат пропишаните мерки за безбедност а за да се избегне било какво групирање, лепчето ќе се прережува од дежурните свештеници веднаш по доаѓањето на верниците во храмот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.