Важно соопштение од црковниот храм Св. Петка по повод престојниот празник Козма и Дамјан

Важно соопштение од црквата Св. Петка во населбата Точила по повод престојниот празник посветен на Светите бесребреници Козма и Дамјан:

-Браќа и сестри во Христа, наши прилепчани, ве известуваме дека ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКОВНИТЕ ХРАМОВИ.
За претстојната слава, на св. бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан (Св. Врачи), во храмот св. Петка во нас. Точила лепчиња ќе се креваат во ЧЕТВРТОК во периодот од 9:00 – 11:00 часот и петокот по завршувањето на богослужбата, а во храмот Св. Кирил и Методиј (Параклис) лепчиња ќе се креваат во четврток од 7:30 – до 11:00 и попладне од 16:00 – 17:00 часот како и НА САМИОТ ПРАЗНИК (наредниот ден) во петок (14.11.2025) веднаш по завршувањето на Божествената Литургија. Честита слава на сите кои го чествуваат Св. Козма и Дамјан како закрилници на нивните домови т. е. домашна слава! Нека ни е за многу години и на помош!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.