Важно соопштение од УЈП до фирмите

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека рокот за поднесување ДДВ-04 е продолжен за пет дена, односно оти крајниот рок е 30 април.

– Согласно препораките на Владата за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи во координација со Министерството за финансии подготви и достави до Владата предлог Уредби со кои се предвидува продолжување на роковите за поднесување обрасци и плаќање даночни обврски.

Согласно ова, крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата за даночниот период 01.01.2020-31.03.2020 и даночниот период 01.03.2020-31.03.2020 од 25.04.2020 се продолжува за 5(пет) дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 30.04.2020 година, велат од УЈП.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.