Важно соопштение од прилепските црковни храмови до верниците за престојниот празник Св. Фануриј

Распоред на богослужби и соопштение од прилепските црковни храмови за престојниот празник Св. Фануриј:

Црква Св. Петка во населбата Точила:

📅 Понеделник, 8-ми септември
⏰ 16:30 – 18:00 часот – Вечерна богослужба и принесување на фануропити во чест на светецот

📅 Вторник, 9-ти септември
⏰ 07:00 часот – Божествена Литургија (фануропити ќе се принесуваат до 10:00 часот)
⏰ 16:30 – 18:00 часот – Вечерна богослужба и принесување и прережување на фануропити.

Црква Св. Благовештение – Стара црква:

Колаците (фануриите) ќе се прережуваат на вечерните Богослужби во понеделник и вторник (08. и 09. септември), од 16.00до 18.00 часот.
На утринска со литургија во вторник на (09ти), од 07.30 до 10.00 часот.

Црква Св. Кирил и Методиј – Параклис:

понеделник попладне:
08 септември (понеделник) – 🕔17:00- Празнична вечерна богослужба.
⏰Колачите фанурии ќе се пеат од 16:30 до 18:00 часот

вторник наутро:
09 септември(вторник) – 🕖 07:00 часот -Празнична утрена со Света Божествена Литургија.
⏰Колачите фанурии ќе се пеат од 07:00 до 10:00часот

вторник попладне:
🕖 17.00 часот вечерна богослужба.
⏰Колачите – фанурии ќе се пеат од 16:30 до 18:00 часот

Св. Фануриј е голем Христов маченик и небесен застапник, познат по својата сила во помагањето на верните. Особено во преданието на Црквата се спомнува и неговата мајка, за која се молиме на секоја служба во негова чест.

Принесувањето и прережувањето на фануропитата е обележје на православната традиција – тоа се прави за здравје и спасение на оние кои принесуваат, како и за нивните семејства, со вера дека св. Фануриј ќе ги застапува пред Бога.

Ве повикуваме заедно да го прославиме овој светител, со благодарност и надеж во неговото моќно застапништво.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.