Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново кај клучката Градско на автопатот Е-75, ќе може да се вози по возната сообраќајна лената и лентата за застанување, додека нема да може да вози по сообраќајната лента за претекнување – информираат од АМС.
-Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопатот Е-75, и во правец кон граничен премин Богородица и во правен на граничен премин Табановце.
Пренасочувањето на сообраќајот ќе трае во следните 7 (седум) месеци – се вели во соопштението од Авто-мото сојузот на Македонија.