Важно известување од прилепските црковни храмови до верниците за Петковден

Браќа и сестри во Христа, наши прилепчани, ве известуваме дека ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКОВНИТЕ ХРАМОВИ.

За претстојната слава, на преподобната Петка (ПЕТКОВДЕН), во храмовите Св. Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС) св. Петка во нас. Точила и лепчиња ќе се креваат преку цел ден во сабота (26.10.2024) од 7:00 – 17.30 ч. И НА САМИОТ ПРАЗНИК (наредниот ден) во неделата по завршувањето на Божествената Литургија.

Честита слава на сите кои ја чествуваат Св. Петка како закрилничка на нивните домови т. е. домашна слава!

Нека ни е за многу години и на помош.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.