Важно известување: Водата од овие чешми во околината на Прилеп не е исправна за употреба

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата во населеното место: – Локален водоснабдителен систем Загорани – Ѕвездакоски, водата во Л.в.с Веселчани – двор и водата во Л.в.с.Канатларци – бензиска на основа на извршените испитувања и стручната анализа примерокот одговара за употреба, но количината на резидуален хлор во мрежата да се зголеми и да се движи во границите од 0,2-0,5мг/л.вода.

Исто така водата во Лок.в.с.Ореовец – јавна чешма сред село како и водата од Л.в.с. Плетвар – крајпатна Че и Јавна чешма не е здравствено исправна заради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути. Неопходно е соодветно техничко решение за
објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.

Водата во Л.в.с.Беловодица – двор не е здравствено исправна заради наод на зголемено присуство на органски материи и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути. Неопходно е соодветно техничко решение за објектот со можност за редовна дезинфекција на водата.

Додека водата од мерно место локален водоснабдителен систем Ерековци – двор не е здравствено исправна заради наод на бактериии не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути. Водата мора редовно да се хлорира и количината на резидуален хлор во мрежата да се движи од 0,2-0,5 мг/л. вода.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.