Денеска пред присутните млади лица на трибината на Павел Шатев детално беше објаснето кој се може да аплицира за субвенциониран кредит за изградба на нова куќа. Пред присутните беше образложено кој и колку ќе треба да плаќа во зависност од висината на кредитот.
Веќе десеттина дена може да се аплицира за проектот купи куќа за млади. Од канцеларијата на министерството за финансии велат дека интересот е огромен. Сега сите бараат соодветна локација на која ќе го градат својот нов дом. Условите велат се повеќе од примамливи бидејќи државата покрива дури 80 отсто од ратата во првите 8 години.