Од денеска на патарините од Скопје до Велес се воведува плаќањето со сепцијална картичка која ќе се надополнува. Картичките кои ќе може да се набавуваат на бензинските пумпи од денска функционираат на само една од наплатните рампи додека на останатите се уште се плаќа во готово, како што беше и до сега.
Според информациите, во текот на утрешниот ден ќе биде пуштена опцијата за наплата со посебна картичка и во обратен правец, односно од Велес кон Скопје
Вчера услугата веќе ја користеле специјални групи на граѓани кои овие картички ги добиле бидејќи се ослободени од плаќање патарина.
Надлежните најавија дека целиот коридор 10 за краток период ќе функционира на овој начин за побрз проток на возила на патарината.