Важнa вест за граѓаните: УЈП апелира, денес е последен ден

Денеска е последен ден од рокот за проверка на пресметката за годишната даночна пријава за УЈП. Проверете ја и потврдете ја сметката или пак корегирајте ја ако има потреба за тоа.

Годинава, за прв пат поднесувањето на пријавите оди електронски. Даночните пријави можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Ќе се отвори прозорец во кој треба да ги внесете податоците (корисничко име и лозинка) коишто ги употребивте при регистрација на профилот.

По истекот на рокот, пријавите ќе добијат статус на конечни даночни пријави.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.