„Ти си вистински шампион, твојата волја и сила можат да го освојат светот“ ова е мотото на детската трка која в сабота ќе се организира во Битола.
Рокот за пријавување на детската трка заврши, а како што вели организаторот 65 деца се пријавени за оваа трка, каде има и деца со попреченост.
Организатор на трката е Маја Атанасовска од спортското здружение „Бори се за целта“ кое е исто така организатор и на првата ноќна женска трка „Биди своја“.
Трката ќе се случи в сабота на 17 јуни. Загревањето е во 17:30, а почетокот на трката во 18 часот.
Стартот е од пред Офицерскиот дом, а должината на патеката 300 метри.