Бујар Османи, Шеќеринска и Сугарески ќе го спасуваат Прилеп денес

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, шефот на централниот кризен штаб Бујар Османи и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, во консултација со Општинскиот кризен штаб денес ќе одлучуваат кои мерки ќе се преземат во Прилеп по рапидниот раст на заразени од Ковид-19.

Прилеп е третиот најзаразен град во Македонија со 72 регистрирани случаи. Градоначалникот на вчерашната прес-конференција најави дека ќе бара помош и од АРМ, но не одговори дали ќе побара и целосен карантин по примерот на Дебар.

– Последните податоци покажуваат дека влегуваме во втората фаза на пандемијата, во која бројот на заболени граѓани рапидно се зголемува. Од вкупната бројка, две третини 50 тина се работоспособни луѓе, а останатите се во повозрасната група, над 65 години и има 4 деца. Заради сето ова и прогресијата на новозаразени од корона вирус – барам воведување на дополнителни мерки. За таа цел утре во посета на општината ќе бидат вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шеќеринска и вицепремиерот шефот на централниот кризен штаб Бујар Османи и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, изјави Јованоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.